Петок, 16 Ноември 2018 13:10 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип , Благој Бочварски изврши увид во градежните активности на нова улица во населба Баби. Се работи за пробивање на комплетно нова улица со должина од 105 метри, тампонирање и асфалтирање на
|
Повеќе...
|
|
Вторник, 13 Ноември 2018 13:58 |
Денеска градоначлникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП „Стипион 2011“ извршија увид во градежните активности на крстосницата кај улиците Вита Поп-Јорданова и Борко Левата. Се работи за комплетно уредување на крстосницата за полесно движење на возачите. По завршените работни активности од страна на ЈП „Стипион 2011“ асфалтирањето ќе го изврши фирма, која ке ја добие јавната набавка.
|
Повеќе...
|
Четврток, 08 Ноември 2018 15:13 |
Денеска, по повод Ден на ослободувањето на Штип – 8 ноември се одржаа низа настани. Во 09:45 часот се одржа концерт на Дувачки оркестар Проарт Штип пред спомен обележјето на Алеја на народни херои, каде пред споменикот на Михајло Апостолски се положи и цвеќе од страна на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Бочварски, советници во Совет на Општина Штип предводени од претседателот на Совет, Јане Миланов и претставници од останати здруженија и политички партии.
|
Повеќе...
|
Вторник, 06 Ноември 2018 13:24 |
Вчера градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски пред преполна сала на Совет во Општина Штип го презентираше резимето за проектите и настаните во изминатата една година локална власт. Бочварски придружуван од претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов и секретарот на Општина Штип, Соња Китанова ги презентираше започнатите и завршени проекти, започнатите капитални инвестиции во Општина Штип и сите настани и активности кои се одржуваа во овој период.
|
Повеќе...
|
Понеделник, 05 Ноември 2018 13:15 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП „Исар“ извршија увид во работата на два нови бунари во локалитетот Штипско езеро. Се работи за инвестиција на ЈП „Исар“ во проширување на водоснабдителниот систем-бушење и изградба на два бунари со вкупна инвестиција од 2.771.453,00 денари.
|
Повеќе...
|
Вторник, 30 Октомври 2018 14:29 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески и претставници од Источен Плански регион присуствуваа на поставувањето на камен-темелникот на новата детска градинка во населба Сењак 4. Се работи за капитален проекто којшто после 30 години ќе го добијат граѓаните на општина Штип. Изградбата на оваа детска градинка со површина од 1498 м2 ќе чини 31.871.710 денари од кои 16.000.000 денари се обезбедени од ИПР, останатите од Општина Штип.
|
Повеќе...
|
Понеделник, 29 Октомври 2018 13:22 |
Денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски се одржа Комисија за награди и признанија кои се доделуваат на 8 ноември, Ден на ослободување на општина Штип. Комисијата беше составена од советници во Совет на Општина Штип и претставници од Општина Штип. Се работи за награди кои се доделуваат секоја година на личности кои придонеле за својот град во различни области.
|
Повеќе...
|
Петок, 26 Октомври 2018 13:18 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со претставници од Општина Штип остварија средба со претставници од бизнис секторот на територија на општина Штип во врска со изработка на идејниот и основниот проект за гасификација на општина Штип.
|
Повеќе...
|
Четврток, 25 Октомври 2018 14:24 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски даде изјава за медиуми во врска со ново купената машна за чисење на јавно прометна површина. Се работи за машина којашто ќе биде во сопственост на ЈП „Исар“ и ќе служи за чистење и уредување на јавно прометни повришини.
|
Повеќе...
|
Сабота, 20 Октомври 2018 14:30 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во асфалтирањето на пристапен пат до викен населбата Суитлак. Се работи за пат со должина од 1120 метри кој беше тешко пристапен за граѓаните кои живеат во тој дел од населбата Суитлак. Најповолниот економски оператор Ескаватори ќе изврши асфалтирање на овој пристапен пат.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>
|
Страница 45 од 67 |