Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Бушење и изградба на два бунари во локалитет Штипско езеро
Бушење и изградба на два бунари во локалитет Штипско езеро
Понеделник, 05 Ноември 2018 13:15

Bunari-StipskoEzero-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП „Исар“ извршија увид во работата на два нови бунари во локалитетот Штипско езеро. Се работи за инвестиција на ЈП „Исар“ во проширување на водоснабдителниот систем-бушење и изградба на два бунари со вкупна инвестиција од 2.771.453,00 денари.

„Денеска се наоѓаме во локалитетот Штипско езеро, кадешто заедно со директорот на ЈП „Исар“ ставаме во употреба два нови бунари. Пред неколку месеци започна инвестицијата на ЈП „Исар“ во овој локалитет за бушење на два нови бунари коишто ќе го подобра водоснабдувањето на општина Штип и водоснабдувањето за нашите граѓани.

Овие бунари ќе дадатBunari-StipskoEzero-02 дополнително 35 литри во секунда вода што значи дека паралелно со ова се доближуваме и до населбата Балканска, или заврши првата фаза од водоводот во населба Балканска и од наредната фаза веќе ќе почнат да се приклучуваат жителите од овој дел од градот.

Оваа инвестиција е над 2,7 милиони денари, што претставува сериозна инвестиција,“ стои во изјавата на Бочварски.

Оваа инвестиција е поради големите заштеди во ЈП „Исар“. Како за споредба од 2017 година и 2018 година ЈП „Исар“ има заштеди од околу 200.000 евра по основ на нафта, резервни делови и сите останати трошоци коишто ги правело во претходниот период јавното претпријатие. Во наредниот период се продолжува со доработка на сите елементи коишто се потребни за нашата филтер станица за да се презеде и водата од ХС „Злетовица“. Со тоа се решава едно од најважните прашања за наредните години, а тоа е водоснабдувањето на општина Штип.

 Bunari-StipskoEzero-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize