Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани
Настани
Присуство и обраќање на втора „Текстилијада“
Петок, 19 Октомври 2018 14:50

TekstilijadaДенеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на втората „Текстилијада“ за 2018 година која се одржува на 19.10.2018 г., и 20.10.2018 г., под мотото „Културата и младите за промени“ – преку културата и уметноста до социјален дијалог.

Градоначалникот Бочварски присуствува во делот „Иднината во нашите очи“ - Позитивни примери за промени, во којшто учесниците дискутираа дали работодавачот може да ги почитува работничките права и законски регулативи, а сепак да оствари доволно профит. Покрај градоначалникот Бочварски, кој беше домаќин на дебатата, како панелисти присуствуваа и министерот за финансии, Драган Тевдовски, и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илиев.

Повеќе...
 
Отворање на еко парк во населба Сењак 4
Петок, 19 Октомври 2018 12:34

Eko-park-Senjak4-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски присуствуваше на отворање на еко парк во населба Сењак 4. Се работи за донација од страна на двете фирми, Адиент и Пакомак во вредност од 240.000 денари, сума којашто е искористена за набавка на клупи, детски лулашки, корпи за отпадоци и други реквизити за забава и игра на најмалите.

Повеќе...
 
Посета на ТППЕ Штип
Четврток, 18 Октомври 2018 14:55

TPPE-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на Дирекција за заштита и спасување, Аднан Џаферовски и претставници од земји од Европската унија беа во посета на штипската противпожарна единица се со цел да се увидат состојбата и капацитетот на Територијалната противпожарна единица во Штип.

Повеќе...
 
Градежни активности во населба Железничка
Среда, 17 Октомври 2018 13:14

Zeleznicka-ulici-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности во населба Железничка. Се работи за 4 краци од улици со должина од околи 300 метри, кои се тешко пристапни за жителите на населба Железничка. Денеска се започна со асфалтирање на тој дел од Железничка, каде најповолниот економски оператор ОСД ДООЕЛ Скопје ќе асфалтира во наредните денови.

Повеќе...
 
Општина Штип учесник на третата конференција од проектот „Обединета Европа“
Вторник, 16 Октомври 2018 13:25

ObedinetaEvropa-3.konferencija-01Штип учествуваше на третата конференција од проектот „Обединета Европа“. Од 9 до 13 октомври во Сетубал во Португалија се оддржа третата конференција на „Обединетите градови„ во кои членува и Штип.Делегација од Штип, предводена од градоначалникот Благој Бочварски учествуваше на третата конференција која овој пат како тема ја имаше „Миграцијата и социјалната инклузија на малцинствата“.

Повеќе...
 
Настан „Future of Europe Reload“ во Португалија
Петок, 12 Октомври 2018 12:59

FutureOfEuropeReload-01Изминативе денови делегација од Општина Штип, предводена од градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, беше во посета на Португалија, во градот Сетубал, а во рамки на проектот „Future od Europe Reload“. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски имаше свое поздравно обраќање пред присутните на настанот.

Повеќе...
 
Чествување на 11 Октомври Ден на народното востание
Четврток, 11 Октомври 2018 13:12

Cestvuvanje-11Oktomvri-01Денеска Општина Штип заедно со Сојуз на борци на Штип и Карбинци го чествуваше Денот на народното востание – 11 Октомври. Делегација од Општина Штип предводена од секретарот Соња Китанова положија свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата на штипската тврдина Исар. На оваа манифестација присуствуваа и претставници од Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Совет на Општина Штип, делегација од Општина Карбинци предводена од градоначалникот Јордан Насев, Собрание на Република Македонија, политички партии и останати.

Повеќе...
 
Увид во работата на ЈП „Исар“ за водоснабдување на населбата Балканска
Вторник, 09 Октомври 2018 13:34

Balkanska-vodosnabduvanje-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП „Исар“, Живко Тасев извршија увид во работите на ЈП „Исар“ во населба Балканска за водоснабдување на околу 600 жители кои се во финална фаза.

Должината на водоводот до населба Балканска е 1300 метри, а досега се изведени 1250 метри.

Повеќе...
 
Заврши триесет и третото издание на Макфест
Понеделник, 08 Октомври 2018 14:24

Makfest-2018-01Изминатиот викенд се одржа триесетитретото издание на најреномиран фестивал на забавни мелодии „Макфест“. 

Во четврток и петок, на двете полуфинални вечери, настапија по 16 изведувачи пред преполна сала во Центар за култура „Ацо Шопов“. Во сабота се одржа финалната вечер, на која настапија 20 изведувачи кои успеаја да се пласираат во финале по учеството на двете полуфинални вечери. 

Повеќе...
 
Свечена академија по повод Светски ден на учителот
Петок, 05 Октомври 2018 14:17

Book-OpenДенеска во големата сала во Општина Штип се одржа Свечена академија по повод Светскиот ден на учителот – 5 октомври. На оваа академија присуствуваа учители од повеќе средни и основни училишта во градот, претставници од Државен просветителен инспекторат, комисија за образование во рамките на Совет на Општина Штип, Биро за развој на образование, проректор и ректор на Универзитет „Гоце Делчев“ Штип и од други културно-образовни институции.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>

Страница 46 од 67

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Јуни 2025
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize