Четврток, 04 Октомври 2018 14:03 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип,Благој Бочварски го означи почетокот на овогодинешното издание на „Макфест“ со традиционалното поставување на знамињата на платото пред хотел „Оаза“.
Долгогодишната штипска традиција налага во октомври сите вљубеници во убавата и квалитетна македонска забавна музика, сите почитувачи на музичката уметност и убавите современи мелодии, да се соберат на едно место, овде, во нашиот град, и на сцената во Центарот за култура „Ацо Шопов“ да ги презентираат своите најнови музички креации.
|
Повеќе...
|
|
Четврток, 04 Октомври 2018 13:21 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, извршија увид во работата и градежните активности на експресниот пат Штип-Радовиш.
Изградбата на овој експресен пат започна во јуни годинава, а градежните активности се одвиваат со голем интензитет, заради што веќе се забележливи и видливи првите резултати од изградбата.
|
Повеќе...
|
Среда, 03 Октомври 2018 13:50 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во работењето на ново улично осветлување на различни локации во градот. Се работи на ново улично осветлување во населба Баби 6., на улиците 6 и 7, во населба Сењак кај објектот „Луна Комерц“ и во населба Блок 2000. На улиците во населба Баби изведувач на новото осветлување е Дигитал ДООЕЛ Струмица, а додека во населбите Сењак и Блок 2000 изведувач е ТМ ДОО – Штип.
|
Повеќе...
|
Среда, 03 Октомври 2018 13:11 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ги прими децата од основните училишта во Штип по повод Светската недела на детето. На средбата која се одржа во големата сала на Општина Штип присуствуваа околу 70 ученици од сите основни училишта во општина Штип кои му подарија на градоначалникот подароци изработени за време на часовите заедно со своите наставнички.
|
Повеќе...
|
Вторник, 02 Октомври 2018 11:56 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски по повод Светската недела на детето ги посети двете детски градинки во општина Штип, детската градинка „Астибо“ и детската градинка „Вера Циривири Трена“ каде во име на Општина Штип донираше поклони. Во детската градинка „Астибо“ се донираше аквариум, додека во детската градинка „Вера Циривири Трена“ спортски реквизити за игра и забава на најмалите.
|
Повеќе...
|
Петок, 28 Септември 2018 17:08 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари увид во изградбата на нов пристапен пат во викенд населбата Суитлак. Станува збор за барање од тамошните жители кое на градоначалникот на Општина Штип го доби за време на разговорите и средбите со граѓаните.
|
Повеќе...
|
Петок, 28 Септември 2018 15:00 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари увид во почетокот на изградбата на детската градинка во населба Сењак. Станува збор за еден од најважните капитални објекти коишто градоначалникот Бочварски им ги вети на граѓаните во предизборието, а само десет месеци подоцна, после темелна и во целост правилна постапка, започнува изградбата на овој важен објект.
|
Повеќе...
|
Четврток, 27 Септември 2018 12:02 |
Градежната офанзива продолжува во секој дел од градот, а денеска се наоѓаме на улицата „Тодор Коларов“, на потегот кон Клиничка болница – Штип. Во овој дел во моментов екипите на ЈП „Стипион 2011“ работат на реконструкција на постоечкиот тротоар, кој беше во прилично лоша состојба.
|
Повеќе...
|
Среда, 26 Септември 2018 14:38 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари работна средба со Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Директорот на Биро за Јавна безбедност, Сашо Тасевски.
|
Повеќе...
|
Среда, 26 Септември 2018 12:31 |
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во реконструкцијата на водовод и фекална канализација кај местото викано Шардаван Баши, каде неодамна нашите сограѓани посочија на проблем со водоводот и фекалната канализација.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 Следно > Крај >>
|
Страница 47 од 67 |