Увид во градежни активности на крстосница кај Вита Поп-Јорданова |
Вторник, 13 Ноември 2018 13:58 | |||
„Денеска се наоѓаме на крстосницата кај библиотеката „Гоце Делчев“, односно на спојот на улиците Вита Поп-Јорданова и Борко Левата. Ова е една од критичните крстосници во овој дел од градот, кадешто гравитираат поголем дел на граѓани кон населбата Кадидаре и кон медицинското училиште „Јане Сандански“. Инвестицијата е на Општина Штип и оваа крстосница чини околу 85.000 евра или 5.300.000 денари со вклучено ДДВ,“ изјави градоначалникот Бочварски. Оваа крстосница беше испроектирана, помина на ревизија и го доби градежното одобрение. Во зависност од временските услови до крајот на годината оваа крстосница треба да биде готова.
|