Резиме за една година локална власт на градоначалникот Благој Бочварски |
Вторник, 06 Ноември 2018 13:24 | |||
„Помина една година откако ми ја доверивте честа и одговорноста да бидам градоначалник на Општина Штип. Ме направивте горд што ме ставивте во позиција да ги остварувам и споделувам со вас секојдневните постигнувања на нашиот град, но и плановите за да ја носиме нашата заедница кон напредок и просперитет и понатаму,“ кажа градоначалникот Бочварски на почетокот од своето излагање. Како еден од првите проблеми со кои се соочил градоначалникот Благој Бочварски во ноември 2017 година кога ја презел функцијата, била празната општинска каса и проблем со исплаќање на плати на вработените. Сега, после една година во Општина Штип, се инвестираат над 2,6 милиони евра во инфраструктурни проекти коишто го обезбедуваат долгорочниот раст и развој на градот. Градоначалникот Бочварски ја извести „Заедно со јавните претпријатија работиме на квалитетно и темелно уредување како на површинскиот дел, така и на оној дел којшто се наоѓа под улиците и којшто е дотраен заради негрижата на изминатите власти,“ дополни Бочварски. Во Општина Штип е започнато со изградба на детска градонка во населба Сењак, капитален проект којшто е од големо значење за граѓаните. Овој проект чини 800.000 евра и ќе го реши проблемот со сместување на 200 дечиња. Во централното градско подрачје изградена е паркинг платформа со што делумно се решава сообраќајниот хаос што претставува горлив проблем за граѓаните на Општина Штип. Новата платформа ќе чини околу 10 милиони денари. Како едни од значајните предизборни ветувања на Бочварски, се гасификација на општина Штип и брана на реката Отиња. „Избран е најповолен економски оператор-компанијата „Простор“ од Куманово, фирма која ќе обезбеди идеен и основен прокет за 20 километри гасификациона мрежа. Јас како градоначалник на Општина Штип одржав бројни средби со стопанственици на територија на општина Штип, за да ја увидам заинтерсираноста кај граѓаните за приклужување на гаификационата мрежа. Општина Штип паралелно работи и со институциите во градот кои би требало да се вклучат на гасоводот,“ изјави Бочварски пред присутните. Бочварски додаде и дека во моментот се работи на преработка на основниот проект за брана на реката Отиња, а паралелно со тоа се работи на ревизијата на основниот проекто за брана на реката Oтиња. Завршен е тендерот и започнува да се работи на студијата зза животна средина. „Во изминатиов период интензивно работевме на реализација на ветеното. Денеска го резимиравме сето она што во изминатите година дена го направивме заедно. Сето ова беше возможно заради вашата поддршка и помош. Продолжуваме понатаму, сите заедно,“ изјави Бочварски во завршното излагање.
|