Четврток, 10 Октомври 2019 12:54 |
Во организација на детската градинка „Вера Циривири Трена“ се одржа настан „Игри без граници“ во салата „Јордан Мијалков“, по повод светската Недела на детето.
На овој настан учествуваа учесници од 9 градови од државата, а Штип беше домаќин.
Градоначалникот Бочварски го поздравни настанот и им посака на дечињата сречно и безгрижно детство.
|
Повеќе...
|
|
Вторник, 08 Октомври 2019 11:59 |
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во својот кабинет го прими освојувачот на Премиер лигата во карате, Емил Павлов во Москва, Русија.
На овој прием присуствуваше и претседателот на Комисија за спорт, Елмир Мандак и еден од тренерите на Павлов, Жарко Арсовски.
|
Повеќе...
|
Понеделник, 07 Октомври 2019 13:15 |
Денеска во сала на Совет на Општина Штип се одржа јавна расправа за стратегијата за Локален економски развој 2019-2024 година. На оваа јавна расправа присуствуваа претставници од НВО секторот, претставници од бизнис секторот, вработени во Општина Штип, претставници од јавните претпријатија како и претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.
|
Повеќе...
|
Петок, 04 Октомври 2019 15:13 |
Денеска во ОМЦ „Киро Глигоров“ се одржа свечена академија по повод Денот на учителот, беа доделени признанија за најуспешните учители за учебната 2018/2019 година.
|
Повеќе...
|
Петок, 04 Октомври 2019 06:38 |
Општина Штип инвестираше во уредување на еден од влезовите на градот Штип, а тоа е влезот од Велес или Скопје. Овој влез доби целосно нов лик, со ново улично осветлување, нови клупи за пешаци, корпи за отпадоци, нов тротоар за граѓаните и хортикултурно уредување.
|
Повеќе...
|
Среда, 02 Октомври 2019 14:33 |
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со директорот на Царинска управа на Република Северна Македонија, Ѓоко Танаскоски во својот кабинет.
|
Повеќе...
|
Среда, 02 Октомври 2019 11:42 |
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во својот кабинет ги прими двајцата најдобри студенти на медицинскиот факултет при Универзитето „Гоце Делчев“ Штип, Александар Лонгуров и Стефан Коцев.
|
Повеќе...
|
Вторник, 01 Октомври 2019 07:52 |
Започнати се градежни активности за асфалтирање на улици во населба Караорман. Се работи на земјени работи и тампонирање, а потоа ќе се пристапи и со поставување на асфалт.
|
Повеќе...
|
Петок, 27 Септември 2019 13:57 |
Во Скопје се оддржа првата прес конференција за фестивалот на музика „Макфест 2019“. Прес конференцијата се оддржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На прес конференцијата, традиционално беше извршено жребување на редоследот на учесниците на триесет и четвртото издание на фестивалот.
|
Повеќе...
|
Четврток, 26 Септември 2019 14:12 |
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со министерот без ресор, задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан во кабинетот на градоначалникот Бочварски.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 Следно > Крај >>
|
Страница 33 од 67 |