Прием на двајца најдобри струденти на медицинскиот факултет при УГД Штип |
Среда, 02 Октомври 2019 11:42 | |||
Меморијалната награда „Д-Р Марија и Емилија Кукубајски“ за најдобри студенти и млади специјалисти по медицина за 2019 година им припаѓа на Александар Кангалов и Стефан Коцев и оваа награда ќе биде морален поттик на идните лекари несебично да го даваат своето најдобро за потребите на човештвото. „Денеска имав можност да поразговарам со двајцата најдобри студенти на медицинскиот факултет, Александар Кангалов и Стефан Коцев. Им честитам за нивните награди коишто ги добија од значајни професори и институти,“ изјави Бочварски. Стефан и Александар ја искажаа својата благодарност до сите кои им укажале чест за нивните успеси. Порачаа дека оваа награда е голема морална поддршка за да продолжат со нивните успеси.
|