Јавна расправа за стратегија за ЛЕР |
Понеделник, 07 Октомври 2019 13:15 | |||
Градоначалникот Бочварски во своето излагање потенцираше дека стратегијата е изготвена како заеднички труд на сите засегнати страни и преку широка консултација е планирано да биде имплементирана врз принципите на: законитост, прифатливост, чувство на сопственост, одржливост, квалитет, ефикасност и ефективност, насочен процес на планирање на развојот, сеопфатно планирање на развојот како и практики на добро владеење. „Како локална самоуправа мора да размислуваме на долгорочен план за развој на нашиот град, затоа денеска ќе дебатираме за оваа стратегија во којашто ќе стојат предлозите и идеите на повеќе засегнати страни за напредокот на Општина Штип,“ изјави Бочварски. Стратегија за локален економски развој допринесува кон стремежот за севкупен економски раст и просперитетна иднина за сите граѓани и во неа се вклучени сите параметри кои имаат значајно влијание врз економскиот развој на Општина Штип, тргнувајќи од основните фактори за стопанисување, па до можностите какви расположливи ресурси нуди општината со цел да дојдеме до финалните компоненти: генерирање на стабилен раст кај стопанските субјекти, зајакнување и зголемување на вработливоста кај младите, намалената невработеност, подигање на животниот стандард и позитивните економски перспективи на Општина Штип.
|