Средба со директорот на Царинска управа на РСМ |
Среда, 02 Октомври 2019 14:33 | |||
„Разговаравме за повеќе теми и проблеми коишто ги тангира оваа управа и важно е дека е извршено посета во неколку штипски компании за да разговара со сопствениците за тоа кои се нивните потреби и можностите за олеснување на процедурите, се она што му е потребно за да му олесниме на нашиот бизнис сектор да функционира подобро,“ изјави градоначалникот Бочварски. Градоначалникот Бочварски го извести директорот Танаскоски за идните планови за развој на општина Штип и тоа кои се проектите на коишто моментално се работи. „Заедно со управникот на регионалната царинарница во Штип посетивме неколку компании за да се запознаеме со нивните процеси и да ги запознаеме со сите оние поволности коишто ги нуди царинската управа и за коишто се залага Владата на Република Северна Македонија. Зборувавме за самата дигитализација и воведувањето на новиот систем на царинската управа како и овозможувањето на новите мерки како овластен економски оператор кои верувам за компаниите коишто се во Штип и во самата околина ќе биде многу добра мерка,“ додаде директорот Танаскоски.
|