Настан „Игри без граници“ по повод Недела на детето |
Четврток, 10 Октомври 2019 12:54 | |||
На овој настан учествуваа учесници од 9 градови од државата, а Штип беше домаќин. Градоначалникот Бочварски го поздравни настанот и им посака на дечињата сречно и безгрижно детство. „Ние како Општина и јас како градоначалник секогаш ќе излегуваме во пресрет на вашите потреби се со цел да имате подобри услови за престој и безгрижно детство,“ потенцираше Бочварски. Општина Штип се грижи за удобен престој на децата во детските градинки преку вложување на средства за реконструкција на клоновите во детските градинки. Во финална фаза е изградбата на новата детска градинка во населба Сењак 4 со капацитет за 200 дечиња, со тоа Штип го решава сместувачкиот капацитет за деца во детските градинки.
|