Увид во градежни активности на експресен пат Штип-Радовиш |
Понеделник, 16 Септември 2019 14:07 | |||
Изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш е со вкупна вредност од 51 милион евра. Во моментов се работи на првата фаза во должина 23 километри и според динамиката на градежните работи се очекува изградбата да биде завршена пред предвидениот рок, во 2021 година. Со изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш ќе се подигне животниот стандард на преку 170 илјади жители на овој регион, а ќе се овозможи и бенефит за околу 12.000 фирми кои дејствуваат во овие региони. Градоначалникот Бочварски, истакна дека изградбата на овој експресен пат и реконструкцијата на целокупната патна мрежа значително ќе влијаат врз локалниот и регионалниот економски развој.
|