Состанок на Општински кризен штаб Штип |
Понеделник, 16 Септември 2019 14:11 | |||
„Од денеска започнува симулација на показна вежба или акција на координираност помеѓу општинските сили за заштита и спасување заедно со регионалните и државните сили за заштита и спасување. Во наредните денови ќе се случува симулација на таква показна вежба со цел да спречиме што е можно повеќе проблеми коишто би настанале како потенцијална елементарна непогода,“ изјави градоначалникот Бочварски. Оваа показна вежба ќе се случува во наредните денови во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Општинскиот штаб за заштита и спасување располага со околу 150 луѓе на терен. За чистење на каналите се ангажираат 7 багери – копачи, 5 камиони – кипери, 1 утоварач и 13 луѓе за чистење на истите. За изработка на заштитни насипи со песок на располагање се 2 утоварачи, 2 камиони, 30 работника и вреки за песок.
|