Јавна расправа по студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот – Изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња“ |
Вторник, 27 Август 2019 13:56 | |||
На оваа јавна расправа присуствуваа градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов, претставници од Министерствата за животна средина и земјоделство шумарство и водостопанство , претставници од Општина Штип од одделението за животна средина како и заинтерсирани граѓани. „Со овој чекор исполнуваме уште една важна задача во насока на одобрување на сите технички документации коишто се потребни за издавање на градежно одобрение, за изградба на брана на река Отиња. Ние веќе одржавме јавна расправа за Деталниот урбанистички план којшто е во фаза на изработка и е веќе на ревизија, а потоа очекуваме да добиеме согласност од Министерство за транспорт и врски и да се усвои на седница на Совет на Општина Штип,“ изјави градоначалникот Бочварски. Општина Штип има добиено основен проект со целосна ревизија и се очекува да се добие согласност од Министерство за животна средина, како документ кој ќе биде составен дел на основниот проект. Овие документи ќе бидат доставени до Министерство за транспорт и врски за одобрение за градба на овој многу важен проект, брана на реката Отиња.
|