Пуштање во употреба на водовод во населба Балканска |
Четврток, 22 Август 2019 12:17 | |||
Ветувањето на градоначалникот Благој Бочварски е остварено, повеќе од 50 фамилии во населба Балканска од денеска до своите домови имаат чиста и здрава вода за пиење. Денеска во употреба беше ставен водоводот за водоснабдување на дел од населба Балканска. „Денеска е чест да се биде градоначалник, затоашто оваа инвестиција беше многу важна за нас, но и за жителите на оваа населба. Во функција е ставен водовод за водоснабдување на долниот дел од населбата Балканска, со што граѓаните ќе имаат чиста и здрава вода за пиење. Ова беше едно од главните ветувања и нешто со што веднаш се зафативме со решавање. Досега за овој проект имаме инвестирано околу 300.000 евра и изработено е 2 километри водоводна линија,“ истакна градоначалникот Благој Бочварски. Овој водовод ќе овозможи 10 литри во секунда проток на вода до домовите на жителите на населба Балканска. ЈП „Исар“ продолжува со работа во горниот дел до населба Балканска кадешто уште 100 домаќинства ќе добијат чиста и здрава вода до своите домови, а потоа кон населбите Чардаклија и Македонка.
|