Средба со Делегација од Посавинска регија од Република Словенија |
Четврток, 29 Август 2019 14:25 | |||
Делегацијата оствари средба со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во кабинетот. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев. „Разговаравме за децентрализацијата којашто ја има во Словенија, бидејќи и ние сме во фаза на децентрализација, разговаравме за размена во делот на културата, соработка во делот на спортот, економијата, бизнисот,“ истакна Бочварски. Градоначалникот Кос дополни дека соработката ќе продолжи и дека овие средби ќе се случуваат во иднина, како во Република Северна Македонија така и во Република Словенија. Делегацијата ја посети и фирмата „Актива“ каде имаа можност да се запознаат со функционирањето на таа компанија.
|