Home Events Средба со директорот на Царинска управа на РСМ
Средба со директорот на Царинска управа на РСМ
Wednesday, 02 October 2019 14:33
There are no translations available.

carinskauprava-02Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оствари средба со директорот на Царинска управа на Република Северна Македонија, Ѓоко Танаскоски во својот кабинет.

„Разговаравме за повеќе теми и проблеми коишто ги тангира оваа управа и важно е дека е извршено посета во неколку штипски компании за да разговара со сопствениците за тоа кои се нивните потреби и можностите за олеснување на процедурите, се она што му е потребно за да му олесниме на нашиот бизнис сектор да функционира подобро,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Градоначалникот Бочварски го извести директорот Танаскоски за идните планови за развој на општина Штип и тоа кои се проектите на коишто моментално се работи.

„Заедно со управникот на регионалната царинарница во Штип посетивме неколку компании за да се запознаеме со нивните процеси и да ги запознаеме со сите оние поволности коишто ги нуди царинската управа и за коишто се залага Владата на Република Северна Македонија.

Зборувавме за самата дигитализација и воведувањето на новиот систем на царинската управа како и овозможувањето на новите мерки како овластен економски оператор кои верувам за компаниите коишто се во Штип и во самата околина ќе биде многу добра мерка,“ додаде директорот Танаскоски.

carinskauprava-01 carinskauprava-00

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2025
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize