Повик за Еко акција во населба Осми Ноември |
Петок, 13 Септември 2019 14:45 | |||
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски упати апел до сите здруженија и до сите граѓани да дадат свој придонес во оваа Еко акција. „Сите имаме обврска и одговорност да ја чуваме и заштитуваме животната средина во нашиот град. Сакам да ги повикам сите граѓани коишто би сакале да се приклучат на оваа Еко акција којашто ќе се случи во недела на 15 септември во 10:00 часот во населбата „Осми Ноември“,“ истакна Бочварски.
|