Присуство на Втора меѓународна научна конференција |
Петок, 13 Септември 2019 14:08 | |||
Како говорник на оваа тема, градоначалникот Бочварски истакна дека позитивен пример за нашиот град е Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ кој е посетен од над 2000 граѓани, како од нашиот град така и од соседните градови и држави. Оваа спомен соба содржи податоци за првиот претседател на нашата држава, Киро Глигоров и е доста интересна и првлечна за туристите кои сакаат да ги запознаат значајните ликови на Македонија. Исто така Факултетот за туризам и бизнис логистика кој е дел од Универзитетот „Гоце Делчев“ е пример за размена на студенти и збогатување на знаењата за богатствата на нашата држава во делот на туризмот.
|