Прв училишен ден за децата од прво одделение |
Петок, 30 Август 2019 13:15 | |||
Останатите основни училишта беа посетени од вработени лица во Општина Штип во одделението за образование кои им посакаа на децата топло добредојде во светот на образованието. Учениците добија мајци кои се донација од општествено одговорната компанија ЕАМ. „Јас верувам дека наставниците ќе го дадат својот максимум, ќе го пренесат целото свое знање на овие првачиња и верувам дека од нив ќе постанат стручни луѓе коишто ќе ни ја водат државата напред,“ изјави градоначалникот Бочварски. Свое поздравно излагање пред учениците, родителите и наставниците имаа и директорите на училиштата кои им посакаа добредојде на новите ученици, апелирајќи им да бидат упорни и истрајни во понатамошните предизвици. Општина Штип ќе продолжи да инвестира во ренокструкција на овие воспитно-образовни институции, со цел поудобен престој на учениците.
|