Потпишување на договор во Влада на РСМ |
Петок, 19 Јули 2019 14:11 | |||
„Можам да кажам дека на овој повик успеавме да добиеме средства за да изреализираме уште 3500 метри квадратни нова асфалтна површина со вредност од 5,6 милиони денари од коишто еден дел ќе биде кофинансиран од страна на Општина Штип, а дел ќе биде поддршка од страна на централната власт. Претходно добивме средства за 14.000 метри квадратни исто така асфалтна површина на овој многу важен локален пат. Вкупната вредност на средства за овие две делници, едната од Бирото за рамномерен и регионален развој, другата од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се 29.000.000 милиони денари или некаде околу 500.000 евра,“ изјави Бочварски.
|