Завршена промена на прозорци во ООУ „Тошо Арсов“ |
Вторник, 23 Јули 2019 14:09 | |||
Ова беше долгогодишен проблем со кој се соочуваа и учениците и наставниот кадар во основното училиште Тошо Арсов во Штип. „Можам да кажам дека оваа инвестиција е 7,8 милиони денари, обезбедена од Министерство за образование и веќе е завршена реконструкцијата на сите прозори со направен технички прием и училиштето е веќе подготвено за старт на новата учебна година,“ изјави градоначалникот Бочварски. Директорката на основното училиште Тошо Арсов, Фросина Маџарова ја информираше јавноста дека во текот на овој летен распост дополнително ќе се изврши варосување на сите простории во училиштето, а понатаму ќе се продолжи со решавање на останатите проблеми со кои се соочува ова училиште.
|