Средба со Амбасадорот на Чешка во Република Северна Македонија, Мирослав Томан |
Четврток, 18 Јули 2019 13:41 | |||
На оваа средба се разговаше за понатамошна соработка помеѓу локалната самоуправа и Република Чешка, можностите што ги нуди локалната самоуправа како и поволната бизнис клима во нашата општина. Градоначалникот Бочварски истакна дека во Штип во изминатиот период се реализирани неколку проекти, финансирани од европски фондови, но и од сопствени средства како и планот за понатамошен развој на Штип, како центар на источниот редион од нашата држава. Исто така се отвори можност за организирање на бизнис форум кадешто Штип ќе ги претстави своите потенцијали и ќе се создраде можност за соработка со претставниците од бизнис секторот од Република Чешка за инвестирање во нашиот град.
|