ФК Брегалница 2008 добива 51% приватна сопственост |
Понеделник, 08 Јули 2019 14:53 | |||
На овој повик единствен кој покажа интерес за купување на 51% од акциите за фудбалскиот клуб „Брегалница 2008“ АД-Штип, беше спортскиот работник од Штип, Кирил Гогов. „Можам да ја поздравам одлуката на сите советници во Совет на Општина Штип коишто ја донесоа едногласно и ме овластија да продолжам во насока на продажба на овој фудбалски клуб со 51 % акции коишто ќе бидат продадени на берза. Ја информирам јавноста дека продажбата е успешно заврешена. Ние после седницата на Совет на Општина Штип имавме јавен повик на којшто баравме да ги видеме сите заинтерсирани субјекти коишто ќе сакаат да влезат под тие услови и да бидат сопственици на ФК „Брегалница 2008“ со поддршка од Општина Штип. На тој јавен повик имавме еден заинтерсиран наш сограѓанин, а тоа е Кирил Гогов,“ изјави Бочварски. „Оваа сезона ќе биде цел на ФК „Брегалница 2008“ враќање во првата фудбалска лига, кадешто на Брегалница како наш голем бренд и е местото, меѓу најдобрите,“ додаде новиот акционер Кирил Гогов.
|