Јавна расправа за брана на реката Отиња |
Петок, 21 Јуни 2019 13:26 | |||
На почетокот на оваа јавна расправа претставник од јавното претпријатие Стипион 2011 го образложи Деталниот урбанистички план за изградба на оваа Брана. „Овој проект е од суштинско значење на оваа локална власт и уште од самиот почеток на мојот мандат работам на целосна реализација и изградба на овој објект. Се работи за објект којшто 40 години е тема на дискусија во јавноста и потреба на граѓаните на општина Штип,“ изјави Бочварски. Основниот проект за брана на реката Отиња веќе е во фаза на печатење со што Општина Штип ќе има испечатен основен проект со потпишана ревизија. Деталниот урбанистички план е во финална фаза и третиот столб за изградба на овој објект е студијата за животна средина којшто е во финална фаза. После сите рокови и документации Општина Штип ќе добие комплет којшто ќе оди на одобрување во Министерство за транспорт и врски. Се работи за брана од 3 милиони метри кубни вода со основна намена за заштита од поплави во градот.
|