Посета на ТППЕ Штип по повод Денот на пожарникарството |
Понеделник, 20 Мај 2019 13:34 | |||
„Сакам да им го честитам денот и да посакам да имаат многу успешни активности со коишто нивната благородна професија ќе успее да зачува многу од имотот на граѓаните, а можеби и човечки животи. Во изминатите месеци ги ставивме сите возила на ТППЕ Штип во функција, поставивме фотоволтаици со коишто ќе се заштедува енергија и преку меѓуграничната соработка со општината Гоце Делчев аплициравме за ново возило за ТППЕ Штип,“ изјави Бочварски. На денешен ден е формирана првата противпожарна единица и затоа 20 мај е Ден на пожарникарството. ТППЕ Штип денеска изведуваше показна вежба во СОУ „Јане Сандански“.
|