Увид во поставени фотоволтаици на ТППЕ Штип |
Среда, 15 Мај 2019 13:01 | |||
Овие фотоволтаици се со цел заштеда на електрична енергија во овие институции со што се овозможува заштедите да ги инвестираат во дополнителна опрема за подобро функционирање. „Се работи за фотоволтаици коишто ќе прават заштеди на електрична енергија на годиштно ниво од 420.000 денари за сите овие три објекти. Оваа инвестиција е 40.000 евра за поставување на фотоволтаиците на сите три објекти заедно со сите пропратни елементи,“ изјави Бочварски. Овие неповратни грантови од Европската унија се важни за развојот на општините и на државата и затоа Општина Штип ќе работи партнерски и ќе биде отворена за соработка со сите институции.
|