Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Состанок на Општински штаб за заштита и спасување
Состанок на Општински штаб за заштита и спасување
Понеделник, 13 Мај 2019 12:28

Shtab-zastita-01Денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип се одржа состанок на Општински штаб за заштита и спасување, кој е формиран од страна на Совет на Општина Штип.

Општина Штип заедно со двете јавни претпријатија од денеска е подготвена за секакви врнежи на дожд и невреме, со што двете јавни претпријатија со своите капацитети ќе бидат достапни за граѓаните со цел да не дојде до поголеми штети.

„Во општина Штип се најавуваат врнежи од дожд во вторник и среда попладне, со тоа што ние како Општински штаб мораме да ги презедеме сите мерки.

Од денеска двете јавни претпријатија и ТППЕ Штип се во приправност со што сите нивни капацитети, механизација и човечки ресурси коишто ги имаат на располагање ќе бидат во 24 часовна приправност при повик од Општинскиот штаб да бидат на терен и да ги преземат сите неопходни мерки,“ изјави градоначалникот Бочварски.

Јавните претпријатија „Стипион 2011“ и „Исар“ ќе бидат во приправност со  човечки капацитети од околу 150 луѓе кои ќе бидат достапни за Општинскиот штаб за време на поплави и невреме, а додека ТППЕ Штип на располагање има 35 пожарникари.

Општина Штип преку ЈП „Стипион 2011“ и ЈП „Исар“ во моментот располага со 100 кубици песок и во зависност од потребите ќе биде обезбедена поголема количина на песок во идниот период.

 Shtab-zastita-02

Shtab-zastita-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Јуни 2025
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize