Посета на збратимениот град Сплит од страна на градоначалникот Бочварски |
Четврток, 09 Мај 2019 13:42 | |||
Оваа посета е после подолг период се со цел соработката да се подигне на повисоко ниво, бидејќи Општина Штип и градот Сплит договор за збратимување имаат потпишано во 1980 година. Градоначалникот Бочварски посочи дека соработката со Сплит ќе продолжи со поголем интензитет и на повеќе полиња. Една од позначајните работи во културата кадешто Штип и Сплит може да разменуваат искуства се штипскиот фестивал „Макфест“ и сплитскиот фестивал. За Општина Штип од големо значење се искуствата во аплицирање на европски проекти кои ќе значат развој на нашиот град и затоа очекуваме и посета од страна на градоначалникот на Сплит во нашиот град.
|