Дебата на тема „Улогата на Република Северна Македонија во НАТО“ |
Четврток, 10 Октомври 2019 13:28 | |||
На оваа дебата говорници беа, амбасадорката на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Гости на оваа дебата беа градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со претседателот на Совет на Општина Штип, Јане Миланов, градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова и градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски. Градоначалникот Бочварски во своето излагање потенцираше дека ваквите дебати се одлични за сите заинтерсирани граѓани и граѓанки да се запознаат со улогата на нашата држава во НАТО. Бочварски исто така додаде дека местото на Република Северна Македонија е во НАТО и ЕУ. НАТО покрај сигурност значи и економија за нашата држава. На оваа дебата свое учество зедоа и студенти и професори од различни факултети.
|