Увид во асфалт на улица Сутјеска |
Вторник, 10 Септември 2019 13:14 | |||
Се работи на обнова и санација на асфалтната површина на улицата „Сутјеска“ во населба Автокоманда која беше во дотраена состојба. Градоначалникот Бочварски изврши увид во градежните активности на оваа улица. „Работиме на асфалтирање на целосно нов слој на асфалт, инвестиција околу 1,5 милиони денари или 25.000 евра,“ изјави Бочварски. Во претходниот период ЈП „Исар“ на оваа улица работеше на реконструкција на водоводната линија, инвестиција во висина од 70.000 евра.
|