Увид во работни активности за поставување на водовод на улица „Сутјеска“ |
Вторник, 20 Август 2019 13:20 | |||
Се работи за обнова на 310 метри главна водоводна линија, 350 метри сервисна линија и 230 метри приклучни врски за нови 40 домакинства на улиците „Никола Тесла“, „Пролетерска“ и „Астибо“. „Овде изработивме 900 метри должни нова водоводна линија со нови цевки, бидејќи оваа улица беше премногу проблематична. Граѓаните овде често се соочуваа со проблеми да пукаат водоводните цевки, да нема притисок многу често и да нема воопшто вода за пиење. Целата инвестиција е доста голема, тоа е околу 4,2 милиони денари или околу 70.000 евра инвестиција на Општина Штип заедно со ЈП „Исар“,“ изјави градоначалникот Бочварски. Општина Штип во идниот период ќе пристапи со асфалтирање на оваа улица, со што целовкупната инвестиција за оваа улица ќе биде околу 100.000 евра.
|