Асфалтирање на прва фаза од обиколница |
Четврток, 04 Јули 2019 14:41 | |||
Обиколницата претставува многу важен проект којшто ќе овозмoжи растеретување на сообраќајниот метеж во градот. „Веќе завршивме со втората фаза и со изработката на кружниот тек и целосно асфалтирање и поставување на сите тротоари. Наскоро ќе продолжиме на таа фаза и со уличното осветлување. Овде на оваа прва фаза вчера и денеска веќе работиме на асфалтирање на 4650 метри квадратни асфалтна површина, односно вториот слој којшто не беше поставен и еве сега го поставуваме. Втората фаза со кружниот тек имаше површина од 5960 метри квадратни и оваа 4650, доаѓаме до бројка од 10.600 метри квадратни. Сумата на чинење е 46.000.000 денари на оваа прва фаза, заедно со мостот, поставување на асфалт и еден тротоар, а додека втората фаза чинеше 11.000.000 денари и целиот проект е 57.000.000 денари,“ изјави Бочварски. Општина Штип продолжува да инвестира во инфраструктурата којашто го дава развојот на Штип.
|