Средба со Владимир Егоров и Емил Павлов |
Понеделник, 15 Април 2019 12:23 | |||
Се разговараше за нивниот успех и идните предизвици со кои ќе се соочат. Градоначалникот Бочварски потенцираше дека Општина Штип стои на располагање за секаква помош, бидејќи овие двајца спортисти се амбасадори на Штип и затоа поддршката е голема. „Се работи за двајца успешни спортисти коишто и во изминатите неколку недели имаа успешни натпревари на европските првенства и донесоа бронзени медали. Општина Штип е единствениот град во Република Северна Македонија којшто оваа година има вакви големи успеси и јас верувам дека овие успеси ќе продолжат и понатаму,“ изјави Бочварски. Емил Павлов и Владимир Егоров ја искажаа својата благодарност за овој прием и потенцираа дека резултатите ќе продолжат и во иднина со што ќе носат радост на Штип и на државата.
|