Работна средба на градоначалникот Благој Бочварски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски |
Петок, 12 Април 2019 14:55 | |||
Се разговараше за идни проекти на Општина Штип кои ќе се реализираат партнерски со Владата на Република Северна Македонија. По работната средба градоначалникот Бочварски и министерот Николовски имаа заедничка изјава за медиуми, Љупчо Николовски. „Имаме големи можности за соработка на Општина Штип со Министерството за земјоделие, не само во делот на земјоделието што е примарна нивна работа и домен на функционирање, туку Општина Штип најмногу ја гледа соработката со Министерството за земјоделие и во делот на проектирањето и изградбата на браната на река Отиња. Имаме позитивни сигнали за добивање на средства од Платежната Агенција којашто е исто така во нивни инегенции за изградба на улици во населбата Караорман и очекуваме да видиме каков ќе биде исходот за добивање на дел од средствата за изградба на локалниот пат кон село Почивало,“ стои во изјавата на Бочварски. „Министерството за земјоделство, преку програмата за рурален развој го одобри проектот за изградба на улици во населба Караорман во износ од околу 4.600.000 денари и дополнително во финална обработка е барањето за изградба на пат до село Почивало, кадешто во мерката за патишта до 5 километри е пред одобрување овој проект. Износот на поддршка од програмата за рурален развој ќе биде 20 милиони денари, а вклупната реализација на Општината заедно со Министерството ќе биде 33 милиони денари,“ дополни министерот Николовски. Проектот за надградба на филтер станицата во Штип е многу значаен проект, бидејќи општина Штип има ограничени капацитети на вода за пиење и водоснабдување од бунарскиот систем. Затоа е многу значајно што првите средства ќе бидат наменети за надградба на филтер станицата, со што општина Штип ќе може да ја преземе водата од хидросистемот „Злетовица“.
|