Одбележување на 78 годишнината од бомбардирањето на Штип |
Сабота, 06 Април 2019 16:58 | |||
Делегација на Општина Штип предводена од градоначалникот Бочварски, положи цвеќе пред споменикот кај Народниот театар. “Овој немил настан ќе го паметиме како црна точка од историјата кој нанел огромна штета на многу семејства. Единството во тие мигови било клучното оружје против окупаторот. Војните и немирите се обврзуваме да ги оставиме зад нас и во иднина да продолжиме по патот на европски вредности,” изјави Бочварски. Градоначалникот Бочварски исто така имаше и свое обраќање на настанот во Народниот театар, организиран од страна на цивилните инвалиди.
|