Акција на “Пролетно чистење и уредување” |
Сабота, 06 Април 2019 16:48 | |||
Оваа акција беше спроведена од јавните претпријатија и од граѓаните на оваа урбана заедница, а исто така беше посетена и од градоначалникот Бочварски. Се чистеа зелените површини, се уредуваа дрворедите и зелените садници, јавното претпријатие Стипион работеше на бетонирање на пешачката патека која беше тешко проодна и беше голем проблем за граѓаните кои минуваа во тој дел од населбата. Општина Штип и јавните претпријатија ќе продолжат со ваквите активности, со цел поубави и почисти заедници.
|