Координирана акција за уредување на зеленило во населба Македонка |
Четврток, 05 Ноември 2020 12:23 | |||
„Денеска вршиме координирана акција заедно со повеќе институции со што излегуваме во пресрет на повеќегодишните барања на граѓаните. Се работи за сложена акција со вклученост на повеќе институции во делот на нивните ингеренции,“ истакна в.д. Градоначалникот Миланов. Директорот на ЈП „Исар“ истакна дека јавното претпријатие во овој период работи на сечење стебла и уредување на зеленила во повеќе урбани заедници во градот, односно по барања од граѓаните. Општина Штип упатува благодарност до граѓаните за соработката во оваа акција.
|