Осми ноември – Ден на ослободувањето на Штип |
Понеделник, 11 Ноември 2019 11:29 | |||
Џез фестивал, интернационален театарски фестивал и промоција на книга за театар беа настаните по повод 75 години слободен Штип кои беа во организација на локалната самоуправа во Дом на млади и НУ-УБ „Гоце Делчев“ Штип. На денот на ослободувањето, претставници од локалната самоуправа предводени од градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски положија цвеќе пред споменикот на генерал Михајло Апостолски и споменикот на револуцијата на тврдината Исар. Свечената седница на Совет на Општина Штип се одржа во ОМЦ „Киро Глигоров“ каде беа врачени 5 Осмоноевриски признанија на знајачни личности и институции за град Штип. Добитници на годинешното признание Осми ноември беа: Марија Максимова – професор по музичка уметност, Викторија Димитрова Јованова – новинар на МИА, Ристе Љуботенски – сопственик на ИМАКО винарија, ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ и Раде Ивановски – професионален пилот. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски им ги честиташе признанијата на добитниците со желба за понатамошен успех и напредок. „На ваков значаен ден, вреди да посакаме нашиот град да биде вечен и во постојан развој, да одбележува уште многу години јубилеј во знак на слободен Штип. Осми ноември останува забележан во историјата, во пишаните документи, во духот на штипјани и во генот на идните генерации, кои живеат и ќе живеат во градот под исарот,“ истакна Бочварски во својот поздравен говор.
|