Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Состанок на Управен одбор за солидарен фонд
Состанок на Управен одбор за солидарен фонд
Вторник, 22 Октомври 2019 13:55

SolidarenFond-01Денеска се одржа првата конститутивна седница на Управниот одбор на солидарниот фонд.

На оваа седница се избра претседател на управниот одбор и извршен директор.

За претседател на управниот одбор е избран градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, а за извршен директор е избран, Никола Тушев.

„Денеска ја имавме конститутивната седница на Управниот одбор за солидарниот фонд, на која избравме претседател и извршен директор. Овој солидарен фонд ќе има своја сметка на која граѓаните ќе можат да донираат и истиот ќе се користи за секаква помош на нашите сограѓаните.

На овој состанок разговаравме и за случајот на нашата сограѓанка Симона Хаџи-Тошев и ние како членови на овој солидарен фонд ќе донираме средства, а дополнително повикувам секој граѓанин да го направи истото,“ изјави градоначалникот Бочварски.

За членови на управниот одбор се именуваат: Даница Рамбабова, Борис Шарковски, Александар Патраклиски, Иван Бојаџиски, Билјана Ефтимова и Емилија Ефремова.

 

SolidarenFond-02

SolidarenFond-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Јуни 2025
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize