Прием на борачи од БК Олимпија |
Вторник, 17 Септември 2019 14:14 | |||
На меѓународниот турнир во Белград, на кој учествуваа повеќе од 250 натпреварувачи, борачите на БК Олимпија освоија 10 медали од кои 4 се златни. Во Косово се освоени 2 златни медали од страна на натпреварувачите од штипскиот боречки клуб Олимпија. „Убаво е да се започне работниот ден со граѓани на Штип кои го промовираат градот со значајни спортски успеси на меѓународно ниво. Сакам да им честитам на овие млади борачи за вака значајните успеси на турнирите во Србија и Косово. Општина Штип секогаш ќе биде поддржувач на младите таленти кои се амбасадори на Штип,“ изјави Бочварски.
|