Работни активности на улицата Плачковички одреди и пред станбен блок Б19 во населба Сењак |
Четврток, 23 Мај 2019 13:52 | |||
Се работеше на комплетна санација со асфалт на улицата Плачковички одред и на крак од улицата Сремски фрот, пред станбен блок Б19 во населбата Сењак. „Се работи за 2300 метри квадратни нов слој асфалт и подобрување на инфраструктурата во висина од 1 милион денари. Со ова покажува Општина Штип дека барањата на граѓаните ги разгледуваме сериозно и пристапуваме кон нивна реализација,“ изјави градоначалникот Бочварски. Општина Штип во овој период ќе продолжи со градежните активности на сите локации во градот кадешто патната инфраструктура е дотраена.
|