Увид во градежни активности во населба Осми Ноември |
Понеделник, 18 Февруари 2019 14:31 | |||
Се работи за изградба на пристапна патека до основното училиште Тошо Арсов и спортската сала, со што се решава долгогодишниот проблем на граѓаните кои газеа кал за да влезат во оваа спортска сала. „Во овие неколку дена ЈП „Стипион 2011“ работи на реализација на оваа пристапна патека. Се работи за инвестиција од 330.000 денари, со што јавното претпијатие и Општина Штип отпочнуваат да ги санираат сите вакви помали зафати коишто се голема потреба за граѓаните,“ изјави Бочварски. Во ООУ „Тошо Арсов“ и околу него се инвестирани околу 9,5 милиони денари. По завршување на пешачката патека ќе се постави лежечки полицаец за побезбедно движење на пешаците.
|