Септември 2018 – месец на Индустриска Сопственост |
Понеделник, 03 Септември 2018 12:43 | |||
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, го отвори настанот заедно со заменик директорот на ДЗИС, Горан Герасимовски. „Како градоначалник на Општина на Би сакал исто така и да потенцирам дека сите треба заеднички повеќе да вложуваме во областа на зајакнување на правата од интелектуална сопственост. Убеден сум дека за да успееме во тоа, потребно ни е како земја да влеземе во Европската Унија. Европската Унија веќе обезбеди средства во висина од 1,3 милиони евра за проектот „Зајакнување на спроведувањето на правата од интелектуална сопственост“.
Вредно работиме на тоа да ја интегрираме нашата земја во евро и евроатлантското семејство. Со влезот на Македонија во Европската Унија, ќе се зајакнат и оперативните капацитети на нашите служби да се борат против повредата на правата од итнелектуална сопственост во согласност со нивните законски надлежности. Придобивките се огромни, а ние како граѓани треба да ја донесеме конечната одлука за да можеме тие придобивки и да ги почувствуваме и конечно да завладее висок стандард на функционирањето на институциите и заштитата на домашните индустриски капацитети, а со тоа и висок стандард и квалитет на секојдневното живеење на секој наш граѓанин. Ви посакувам плодна и успешна средба,“ истакна во неговото воведно обраќање градоначалникот Бочварски.
|