Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Градежни активности во населба „Сењак“ кај објект Луна Комерц
Градежни активности во населба „Сењак“ кај објект Луна Комерц
Четврток, 26 Јули 2018 12:39

SenjakLunaKomerc-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности во УЕ 36 во населба „Сењак“ кај објектот Луна Комерц. По тампонирањето ќе се започне со асфалтирање на овие улици со вкупна површина од 2800 м2. Изведувач на оваа инвестиција ќе биде економскиот оператор ВЕ-ГРУПА ДООЕЛ, а инвестицијата ќе чини 4.869.816,00 денари со вклучено ДДВ.

Покрај тампонирањето и асфалтирањето ЈП „Исар“ работи на поставување на водоводна линија во должина од 110 метри со вкупна инвестиција од 583.000 денари. Оваа водоводна линија ќе овозможи водоснабдување на стамбениот комплекс Грин Гарден.

„Денеска се наоѓаме во населбатаSenjakLunaKomerc-02 „Сењак“ кадешто се изведуваат одреден временски период градежни зафати во делот на изградба на нови улици во близина на објектот „Луна Комерц“. Овој дел од градот е многу важен и е најголемата населба во Општина Штип и затоа мораме да имаме вистински третман и вистински развој на овој дел од градот. Пристапивме кон реализација на овој витален објект односно витална инфраструктура за овој дел од градот. Се работи за три нови улици коишто имаат должина од 455 метри и нивната цена е околу 4.900.000 денари. Паралелно со ова работиме и на изградба на нова водоводна линија во должина од 110 метри којашто ќе чини некаде 580.000 денари,“ изјави градоначалникот Бочварски.

 SenjakLunaKomerc-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Април 2025
П В С Ч П С Н
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize