Соработка со ОО Црвен крст Штип |
Петок, 26 Јануари 2018 15:19 | |||
Со овој Меморандум се воспоставува формална соработка помеѓу двете страни, а со цел покренување заеднички иницијативи и нивна реализација. Од денеска започнува тесна соработка со општинската организација на Црвен крст, со цел имплементација на заеднички програмски и проектни активности, координација на институциите на локалната самоуправа и поттикнување реализација на активности, но и координирање во имплементацијата на активностите, како и пристап до фондови за поддршка и развој. Освен потпишувањето на „Овде сме во ОО Црвен крст Штип, кадешто потпишавме Меморандум за соработка помеѓу Општина Штип и ОО Црвен крст Штип, со којшто се заложуваме во иднина да работиме поактивно на помаѓање на нашите сограѓани коишто се наоѓаат во социјален ризик, на коишто им е многу потребна помош од Црвен крст, од нас и од сите наши сограѓани.
Јас како градоначалник и ние како институција Општина Штип продолжуваме во соработка со Црвен крст и со сите оние граѓани коишто сакаат да дадат свој придонес да ги помагаме нашите сограѓани и со тоа да придонесеме да живееме сите заедно во едно подобро и поубаво општество за сите.“ На крајот од денешната средба беа доделени 25 пакети со храна на исто толку социјално загрозени семејства од општина Штип.
|