Home Events Прес конференција во врска со ситуацијата со Ковид 19
Прес конференција во врска со ситуацијата со Ковид 19
Thursday, 28 May 2020 14:17
There are no translations available.

Pres-Kovid19-28052020Општина Штип оствари комуникација со Министерството за здравство, со неколку сопственици на текстилни фабрики, со здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, Клиничка Болница Штип и Центар за јавно здравје и нашите капацитети се насочени кон заштита на здравјето на граѓаните.

Според денешните податоци од Центар за јавно здравје на територија на Општина Штип има 4 нови позитивни случаеви од кои 2 се од истата текстилна компанија.

Општинскиот штаб за заштита и спасување со своите служби беше на терен и започна со дезинфекција на влезовите пред текстилните фабрики. Упативме апел до угостителите да побараат поддршка за дезинфекција на нивните надворешни тераси и влезови пред отворањето, и секако за поддршка во дел на дезинфекција на автобусите. 

Нашите волонтери беа на терен пред конфекциите и делеа заштитни маски на текстилните работници. До денеска имаме поделено вкупно 23 000 заштитни маски на институции и граѓани.

Волонтерите досега имаат извршено услуги на вкупно 258 стари и изнемоштени лица и апелираме тие да продолжат да ги користат нашите услуги и да се заштитат самите себе.

Ја користиме оваа прилика повторно да упатиме јасна порака до сите граѓани, а посебно до оние кои шират информации дека вирусот не постои и дека е измислица или лага, а всушност се работи за вирус кој сеуште е присутен и ќе остане овде и понатаму, а борбата со истиот овој вирус за којшто сеуште нема лек или вацина треба да го водиме сите заедно со целосна вклученост на граѓаните, работниците, сопствениците и институциите.

Задоволни сме од дисциплината на нашите сограѓани и од тоа како се справуваме со Ковид 19, но мало опуштање коешто се чуствуваше во јавноста и непочитување на мерките придонесува да повторно се појават нови случаеви.

Ќе го победиме вирусот и после олабавување на мерките, но само со крајна внимателност, дисциплина и одговорност.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

April 2025
M T W T F S S
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize