Увид во градежни активности за асфалтирање на улици во населба Караорман |
Tuesday, 01 October 2019 07:52 | |||
There are no translations available.
Нов асфалтен слој ќе се постави на површина од 3700 метри квадратни и граѓаните во населбата Караорман ќе имаат непречен пристап до своите домови. „Дел од средствата се обезбедени од Агенција за финансиска поддршка и рурален развој, тоа се околу 50.000 евра а останатите 30.000 евра се обезбедени од буџетот на Општина Штип, што значи дека околу 80.000 евра се инвестираат за поставување на асфалт во населба Караорман,“ изјави градоначалникот Бочварски. Во населбата Караорман претходно ЈП „Стипион 2011“ работеше на тампонирање на улици и поплочување со бехатон на улица во долниот дел од населбата Караорман со површина од 500 метри квадратни и цена на чинење околу 15.000 евра. Локалната самоуправа продолжува во насока на подобрување на условите за живеење и решавање на суштинските проблеми на граѓаните.
|