Увид во градежни активности на нова детскаградинка во населба Сењак 4 |
Monday, 23 September 2019 13:32 | |||
There are no translations available.
После 50 години Штип ќе добие нова детска градинка со капацитет за 200 дечиња со што се решава сместувачкиот капацитет во општина Штип. „Штип ќе стане првата општина во државата, којашто целосно ќе го реши проблемот со сместувачките капацитети. Му благодарам на градоначалникот што имал ваква визија и перспектива за развој на градот,“ посочи министерот Милевски во изјавата. „Можам да кажам дека пред 12 месеци овде имаше голо земјиште, а денеска веќе гледаме речиси завршен објект со поставување на финалните елементи внатре и нашите очекувања се дека во наредните 2 до 3 месеци објектот ќе биде во финална фаза со опрема,“ дополни градоначалникот Бочварски. Се работи за простор од 1600 метри квадратни и цена на чинење од околу 1 милион евра. Средствата за изградба на оваа детска градинка се обезбедени од буџетите на Општина Штип и Биро за рамномерен и регионален развој.
|