Осми ноември – Ден на ослободувањето на Штип |
Thursday, 08 November 2018 15:13 | |||
There are no translations available.
Во 10:30 часот се положи цвеќе пред Споменик на револуцијата кај тврдината „Исар“, каде свое поздравно обраќање имаше градоначалникот Благој Бочварски. Свечената седница на Совет на Општина Штип ја отвори претседателот на Совет, Јане Миланов поздравувајќи ги присутните и честитајќи го 8 ноември- Ден на ослободувањето на Штип,а потоа свое излагање имаше градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. „Денеска се одбележуваат 74 години слободен Штип. Осми ноември, светол датум врежан во нашата историја, ден кога го истакнуваме делото на нашите предци, по чии стапки доследно чекориме и го градиме нашиод град под исарот. Почитувани присутни, Во своето излагање, Бочварски ги информираше присутните за тековните активности и реализацијата на проекти кои се неопходни за развој на општина Штип. „Осми ноември останува забележан во историјата, во пишаните документи, во духот на штипјани и во генот на идните генерации, кои живеат и ќе живеат во градот под исарот. Нашиот Штип нека ни биде вечен и во постојан развој, а ние да целиме, да создаваме модерен, напреден, европски град. Убеден сум дека сите ќе бидеме иницијатори на корисни идеи, успешни проекти за добробит на целата заедница. Нека ни е честит 8 ноември, Денот на ослободување на Штип,“ додаде Бочварски. Како последна активност по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Штип – 8 Ноември беа митровденските средби на доктори на науки во НУ-УБ „Гоце Делчев“.
|